Црвени вина

Црвени вина

Винаријата Bodegas Fernando Castro потекнува од 1850 година и е една од најстарите винарии во Шпанија. Фамилијата Кастро се лозари по семејна традиција, имаат 380 хектари винова лоза, со местоположба во Финка Лос Алтос, и лично ги одгледуваат. Бидејќи сортата на грозјето го дефинира карактерот на виното, тие се ориентираат кон одгледување различни сорти грозје и произведуваат вина со уникатен стил и карактер. Создаваат вина за сечиј вкус и вина за секакви пригоди и настани.

Темпранило, гарнача, каберне совињон, мерло и сира или шираз се сорти грозје што ги одгледуваат и најчесто ги користат за производство на црвени вина.

Од нив, темпранило е, несомнено, најпрепознатливото грозје во Шпанија, 87 проценти од светското производството на ова грозје е во Шпанија, а во регионот Риоха се нарекува и благородно грозје.  Карактеристично за оваа сорта црвено грозје е што созрева неколку недели порано од другите црвено сорти грозје и има тенка лушпа. Исто така, за разлика од другите сорти црвено гројзе, кои се ароматични, темпранилото има неутрален вкус и може да се меша со други сорти грозје. Интересно за оваа сорта грозје е што виното најчесто се чува во дабови буриња од кои добива вкус на даб.

Вината од оваа сорта грозје се карактеризираат со црвена боја на рубин и најчесто имаат арома на шумско овошје, слива, тутун, ванила и билки.

Scroll Up