Ваше брендирано вино

Шпанските вина се многу популарни низ светот и повеќето визби веќе ги дистрибуираат своите најдобри вина во различни земји, понекогаш и врз основа на ексклузивност. 

„Вортекс трејд“ ДООЕЛ нуди можност да ги добиете најдобрите увезени шпански вина без етикета од оригиналниот бренд, туку со ваша приватна етикета.

Покрај оригиналните најдобри шпански брендови или вино со ваша приватна етикета, нудиме и можност за изработка на вино по ваш рецепт и тоа:
• Младо вино
• Кријанса (старо минимум 24 месеци, од кои 9-12 месеци зреено во дабови буриња)
• Ресерва (старо минимум 36 месеци, од кои најмалку 12-18 месеци виното зрее во дабови буриња, а остатокот од периодот до 36 месеци во шише)
• Гран ресерва (старо минимум 60 месеци, од кои најмалку 24-30 месеци виното зрее во дабови буриња, а остатокот од периодот до 60 месеци во шише)
• Пенливи вина

Scroll Up