Бели вина

Бели вина

Винаријата Bodegas Fernando Castro потекнува од 1850 година  и е една од најстарите винарии во Шпанија. Фамилијата Кастро се лозари по семејна традиција, имаат 380 хектари винова лоза, со местоположба во Финка Лос Алтос, и лично ги одгледуваат. Бидејќи сортата на грозјето го дефинира карактерот на виното, тие се ориентираат кон одгледување различни сорти грозје и произведуваат вина со уникатен стил и карактер. Создаваат вина за сечиј вкус и вина за секакви пригоди и настани.

Аирен, макабео, шардоне, совињон бланк, се сорти што се користат при производството на ексклузивните бели вина.

Сортата на грозје аирен е најпрепознатлива за Шпанија. Карактеристично за оваа сорта е што расте во форма на грмушка, во форма на цилиндар или конус. Грозјето од оваа сорта е со тенка лушпа, со совршена тркалезна форма, со светложолта боја и нуди свежа, чиста и овошна арома.

Карактеристично за оваа сорта е што доцна цвета и доцна зрее, отпорна е на сушни периоди и многу добро се приспособува на овој регион.

Scroll Up