За нас

Вортекс Трејд е една од водечките компании во регионот која што дистрибуира вински брендови од Шпанија. Компанијата е основана е во 1990 година. Се работи за семеен бизнис кој е добро структуриран и професионален. Работиме со одличен асортиман на производи од нашите надворешни партнери, поддржан од нашиот сопствен дистрибутивен систем во регионот. Седиштето на компанијата се наоѓа во Скопје.

Производите Вортекс Трејд се уникатни и модерни на секој можен начин и се наменети за да им се допаднат на сите генерации. Огромен број на потрошувачи ни ја дадоа нивната доверба затоа што знаат дека нашите производи се произведени со традиција, грижа, страст, со целосна одговорност и професионалност. Ние секогаш ги слушаме потребите и желбите на нашите потрошувачи. Задоволството на нашите клиенти и потрошувачи е дневната мисија што ја споделуваме.

Раководството на компанијата Вортекс Трејд поставува цели и ги обезбедува потребните ресурси за постигнување на тие цели ,а со тоа и креира квалитетен пример за секој вработен во компанијата. Посветени сме да ги следиме новите научни достигнувања во винската област и креативно да ги интегрираме во нашите производи и услуги, како и да го подобриме квалитетот на животот на нашите лојални потрошувачи на инспиративен и иновативен начин.

Scroll Up